ТАВ Македонија ја повлече одлуката за ограничување на бесплатниот пристап до „Hug & Fly“
ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило до зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата за заштита на конкуренцијата претходно побара дополнителни појаснувања и податоци за воведеното ограничување.

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило до зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје беше ограничен на еден влез во период од 24 часа.
Од Комисијата за заштита на конкуренцијата информираат дека, во рамки на анализата на условите и режимот за користење на зоната, од ТАВ Македонија биле побарани дополнителни појаснувања и релевантни податоци за воведеното ограничување.
По доставеното барање, ТАВ Македонија ја известила Комисијата дека ја повлекла спорната одлука.
Комисијата ја поздравува одлуката и најавува дека ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот.
Од Комисијата посочуваат дека ќе продолжат да постапуваат во рамки на своите законски надлежности секогаш кога постои можност одредени услови или мерки да имаат влијание врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.
