Засилено се гради пругата кон Бугарија, проектот реализиран околу 40 отсто
Засилени градежни активности се одвиваат на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, информира директорот на МЖ „Инфраструктура“.

Засилени градежни активности се одвиваат на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка, во должина од 34 километри, информира директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски.
Како што објави Ивановски на својот фејсбук-профил, во моментов засилено се работи на мостот број 7, кој е долг 194 метри и е еден од трите неизградени мостови од вкупно 29 на оваа делница.
Паралелно се произведуваат и бетонските елементи потребни за санација на 26 полуизградени мостови од 1990-тите години. Од вкупно планираните 352 бетонски елементи, досега се произведени 71, со динамика од околу 10 елементи неделно.
Вкупниот прогрес на проектот во моментов е околу 40 проценти. Според најавите, целта е до крајот на годинава реализацијата да достигне 50 проценти.
„Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, наведува Ивановски.
