Битола

ИФФК „Браќа Манаки“ културен амбасадор на Македонија во светот

18.09.2026 18:21

Битола подготвено го чека утрешното отворање на 47 ИФФК „Браќа Манаки“, најголемиот културен промотор на македонскиот филм, кинематографија и култура во светот. Организаторите најавуваат вистински филмски „маратон“ и квалитетна програма со над 83 филмски изданија. И Мак-Поинт програмата повторно на сцена. И битолските угостители има што да понудат на дури 700 најавени домашни и странски гости.

В сабота со свечено дефиле на црвениот тепих пред Центарот за култура во Битола свечено ќе биде отворено 47 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во градот повторно ќе допатуваат лауреати, оскаровци. Светски познати наградувани кинематографери и еминентни гости, а Доксевски најави рекорден број филмови и силна конкуренција во натпреварувачкиот дел за „Златна камера 300“.

Димитрова, директор на ДФРМ најави проширување во соработките, но и доближување на македонскиот филм до публиката.

Филмската публика ќе може да биде дел од официјалната и натпреварувачка филмска програма „Камера 300“ потоа од документарната, од студентската, како и од мак-поинт програмата од која македонските филмови ќе може бесплатно да се гледаат во пациото на битолскиот Завод и Музеј. Дел од овогодишното издание на фестивалот е и специјалната програма.

Најавен е рекорден број гости, а хотелиерите и угостителите подготвено ги очекуваат.

Фестивалот ќе се одржи од 19 до 25 септември.

Ружица Аџикотарева - Ѓоршевска