Прилеп

Огревот за в зима е испланиран

19.09.2026 12:12

Како ќе се грееме в зима. Граѓаните совреме ги направија пресметките. Иако побарувачката на огревно дрво опаѓа, сепак граѓаните не се откажуваат од неговата топлина...

Клима, огревно дрво, топлотни пумпи или пелети? Граѓаните совреме ја донесоа одлуката. Ги направија пресметките како ќе се топлат оваа зима.

За 10-тина проценти секоја година се намалува побарувачката на огревно дрво во прилепското претпријатие Црн Бор-Македонски шуми. Претпријатието веќе 92 проценти од порачаните преку 4.000 кубни метри дрва за домаќинствата ги испорачале. Поевтини се за речиси 1.000 денари од приватните складишта.

Со клима или со дрва, граѓаните нема да дозволат студот да им влезе в коски.

Елизабета Митреска