Украина-Русија

Трамп воведува нови санкции за Русија, Путин предупредува на зголемени тензии со Европа

19.09.2026 11:37

Вашингтон ги засилува економскитеот притисок врз Москва со нови санкции и царини за земји што купуваат руска нафта и гас. Во исто време, Путин го обвинува Киев за обиди за нарушување на изборите и предупредува дека дел од европските лидери се подготвуваат за конфликт со Русија. НАТО најавува дополнително зајакнување на воздушната и ракетната одбрана, додека инциденти со дронови повторно предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај во Европа.

Американскиот претседател Трамп потпиша закон за нови санкции против Русија, со царини до 100 насто за земји што купуваат руска нафта и гас, како и санкции за руски функционери, банки и енергетски компании. Во меѓувреме, додека продолжува вториот ден од гласањето во Русија, Путин го обвини Киев дека се обидува да ги наруши изборите и дека му е потребна војна за да остане на власт. Тој оцени и дека дел од европските лидери се подготвуваат за војна со Русија.

„НАТО расте и се шири, а некои европски лидери отворено изјавуваат дека се подготвуваат за војна со Русија“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.

Додека борбите во Украина продолжуваат, претставниците на НАТО во Копенхаген порачаа дека Алијансата ја зајакнува воздушната и ракетната одбрана и продолжува да го поддржува Киев.

„Нелегалната агресивна војна на Русија против Украина фрли долга сенка. Имаше нарушувања на воздушниот простор на повеќе сојузници на НАТО, вклучително и овде во Копенхаген, каде беа откриени неовластени дронови во близина на аеродромот. НАТО продолжува да ја зајакнува својата интегрирана воздушна и ракетна одбрана и да ја поддржува Украина“, изјави адмиралот Џузепе Каво Драгоне – претседател на Воениот комитет.

Во меѓувреме, воздушниот сообраќај на аеродромот во Луксембург повторно е воспоставен, откако летовите беа привремено прекинати поради дронови. Засега нема официјални информации за тоа од каде потекнувале дроновите, ниту пак е познато кој управувал со нив.