Блиски Исток

Напади од Хутите ја загрозуваат и нафтената инфраструктура

19.09.2026 12:59

Во неколку саудиски градови се активирани предупредувања по нови напади од Хутите од Јемен. Едно лице загина, а две се повредени од остатоци од пресретнат дрон...

Нова тревога во Саудиска Арабија. Предупредувања за опасност се активирани во неколку градови додека продолжуваат нападите од Хутите во Јемен при што едно лице загина, а двајца се повредени од остатоци од пресретнат дрон.

Нападите ја загрозуваат и саудиската нафтена инфраструктура, поради што Ријад е принуден да стопира дел од планираните испораки на нафта за Европа во октомври.