САД и Данска постигнаа договор за зајакнување на американското воено присуство во Гренланд
По неколкумесечните закани за преземање на Гренланд, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД и Данска постигнале договор со кој, според него, Вашингтон добива трајна можност да ја обезбедува и брани безбедноста на островот.

По неколкумесечните закани за преземање на Гренланд, Трамп објави дека САД постигнале договор со Данска за зајакнување на американското воено присуство на островот. Тврди дека договорот им дава на САД „трајна контрола врз безбедноста“ на Гренланд.
„Со ова се гарантира дека САД засекогаш ќе имаат целосна можност да го направат она што е неопходно за да ја обезбедат и одбранат безбедноста на Гренланд и на Соединетите Американски Држави“-Објава на Доналд Трамп – претседател на САД.
Договорот треба да биде потпишан следната недела за време на Генералното собрание на ОН, но за неговото спроведување е потребно одобрување од данскиот и гренландскиот парламент.
