ОЈО

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

19.09.2026 16:57

Шест лица се опфатени со обвинителниот предлог за фалсификување на возачки дозволи. Меѓу нив е и вработена во МВР, која според обвинителството од септември 2020 до август 2026 година во повеќе наврати преправала возачки дозволи и впишувала дополнителни категории. Останатите петмина обвинети се возачи кои иако имале положено за Ц и Д категорија, во договор со вработената во МВР поднесувале барања за издавање на дозволи со дополнителни впишани категории.

Со овие дозволи тие аплицирале и добивале сертификати за професионална комптетенстот за учество во меѓународен превоз на стока и патници, велат од Обвинителството.

Дополнително, за истиот предмет се собираат докази и за уште 21 лице-осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи.