Политика

ЗНАМ очекува уште едно заменик-министерско место

19.09.2026 19:34

ЗНАМ очекува нивен кадар да добие уште едно заменик-министерско место во извршната власт. Наскоро се очекува да бидат по владината реконструкција нема назначени заменици за социјална политика, демографија и млади, култура и туризам. Лидерот Димитриевски не открива за кои ресор се преговара, најавува функцијата ќе биде дефинирана до крајот на октомври.

Преговори на маса за комплетирање на владиниот кабинет по реконструкцијата, детали не се откриваат. Движењето ЗНАМ очекува со нивен кадар да се пополни уште една испразнета заменичка функција. Партискиот лидер Димитриевски најави дека функцијата ќе биде дефинирана до крајот на октомври. По владината реконструкција во јули, без заменици останаа министерствата за социјална политика, демографија и млади, како и култура и туризам.

Социјалдемократите со критики за владината коалиција. Велат дека партијата ЗНАМ е креирана со цел да го урне СДСМ.

„ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ“ - стои во соопштението од СДСМ.

Владината реконструкција опфати осум министерски места. ЗНАМ го задржа ресорот јавна администрација, ја изгуби правда, но доби можност да крои политики во земјоделството.

Анита Димитријевска-Велковска