Битола
Филмскиот свет повторно во Битола на „Браќа Манаки“
19.09.2026 20:02
Вечерва во Битола свечено се отвора 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот годинава носи рекорден број филмови, богата едукативна програма и светски познати кинематографери...

Вечерва во Центарот за култура во Битола свечено ќе биде отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Годинава фестивалот носи рекорден број филмови, богата едукативна програма и импресивна листа на светски познати кинематографери.
Фестивалот ќе биде отворен со проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума.
