Свечено отворен 47. ИФФК „Браќа Манаки“ – Битола повторно во центарот на филмската уметност
Со свечена церемонија синоќа беше отворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалот кој ја слави работата на кинематограферите, повторно ги донесе во Битола врвните светски имиња од филмската уметност. Во седумдневната филмска магија ќе бидат прикажани повеќе од 80 филмови во седум селекции, мастеркласови, работилници... Од 12 филмови во официјалната селекција „Златната камера 300“, оваа година во рацете на кинематограферот Дан Лаустсен.

Со музички перформанс и проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, свечено беше отворено 47. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Лауреат на наградата „Златна камера 300“ за животно дело е кинематограферот Дан Лаустсен. „Специјална Златна камера 300“ за Џеф Кроненвет, а актерот Петре Арсовски е овогодишниот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
„Во 1969 ја купив првата камера. Десет години подоцна, започнав и целиот мој живот патувам низ светот. Тимската работа и почитта кон другите се важен дел од мојата работа и уметноста на создавање филмови. Треба да ги почитуваме“, изјави Дан Лаустсен – кинематографер, добитник на „Златна камера 300“.
Овој фестивал е потврда за посветеноста кон уметноста, културата и творештвото како возвишени облици на човечката духовна слобода. Должни сме да продолжиме да создаваме услови за новите генерации да продолжат да творат – истакна претседателката Сиљановска-Давкова.
Битола повторно е во центарот на филмската уметност. Во следните седум дена ќе бидат прикажани 84 филмови, а низ улиците на градот ќе зачекорат повеќе од 1.000 филмски работници, лауреати, гости од цел свет.
Фестивалот се затвора на 25 септември со дебитантскиот филм на Срѓан Јанаќијевиќ, „Нема да ви се верува што се случи претходно“.
Александра Максимовска
