Временска прогноза
Променливо облачно и топло, попладне дожд и грмежи
20.09.2026 09:51
Променливо облачно и топло време со сончеви периоди нè очекува денеска. Попладне на места ќе има локални врнежи од дожд, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
