Франција со рекорден долг од 2023,7 милијарди евра
Јавниот долг на Франција колку 50 години данок врз личните примања. Според националниот институт за статистички и економски студии, Франција должи 2023,7 милијарди евра. Според предвидувањата на владата, јавниот долг би требало на крајот од годинава да изнесува 95,1 насто од бруто домашниот производ.

Француската влада веднаш побрза да потсети дека наследила ситуација на големо задолжување. Според министерството за финансии долгот на Франција се заголемил за два пати од 2002 до 2012 година (кога на власт беше десницата), од 930 на 1860 милијарди евра, од кои дури 600 милијарди евра се задолжувања направени во периодот од 2007 до 2012 кога на власт беше Никола Саркози.
„Напорите за контрола на задолжувањтео ќе бидат почитувани со планот за заштеда на 50 милијарди до 2017, од кои 21 милијарда во 2015“, рече министерот за Финансии Мишел Сапан при претставувањето на буџетот за 2015.
Предвидено е намалување за 40 милијарди евра на давачките за претпријатијата за да се зголеми нивната компетитивност и создавање на нови работни власти. Притоа се нагласува дека Франија ја има довербата на инвеститорите, што и дозволува на државата, но исто така и на претпријатијата и поединците да земаат кредити со ниски камати.
Сегашната француска влада води политика на заздравување на јавните финансии, со програма на штедење и стратегија на развој, која треба да дозволи запирање на растот на долгот.
„Франција мора да ја преземи и ја презема одговорноста, тоа што го најавивме оди во таа насока. Но и Европа треба да ја преземи сега својата одговорност“, истакнува Мишел Сапан.
Буџет на штедење нема да го намали многу дефицитот на Франција. Со Нацрт-буџетот за 2015 се предвидуваат 21 милијарди заштеди, односно дефицит од 4,3% од ДБП по годинашниов од 4,4%, а во 2017 ќе треба да биде сведен на фамозните 3%. Ритам кој според владата е прилагоден на слабиот економски раст.
Економскиот раст ќе биде многу ограничен во 2014, +0,4%, за да ги достигне оптимистичките 1% во 2015.
Тони Гламчевски
