Косово

Протести во Приштина против пресудите за поранешните водачи на ОВК

20.09.2026 10:42

Четврта ноќ по ред протестираа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина против првостепените пресуди за поранешните водачи на ОВК – Тачи, Весели, Красниќи и Селими.

Илјадници граѓани четврта ноќ по ред протестираа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина против првостепените пресуди за поранешните водачи на ОВК – Тачи, Весели, Красниќи и Селими.

Протестите под мотото „Не во мое име“ се шират и надвор од земјата.

Организаторите велат дека нема да запрат сè додека не се постигне како што велат, „правда за ослободителите“. За 22 септември најавија собир и пред седиштето на ОН во Њујорк.