Украина-Русија

Киев и Москва под нов бран напади со дронови, во Русија завршуваат парламентарните избори

20.09.2026 13:47

Киев и Москва под силен бран на напади со дронови. Украинските сили извршија еден од најжестоките удари врз Москва од почетокот на војната – погодена е рафинерија, има загинати и повредени. Во исто време, во руските напади во Киевската област загинаа жена и нејзиното дете.

Киев и Москва под силен бран на напади со дронови. Украинските сили извршија еден од најжестоките удари врз Москва од почетокот на војната – погодена е рафинерија, има загинати и повредени. Во исто време, во руските напади во Киевската област загинаа жена и нејзиното дете. Нападите се случуваат во последниот ден од парламентарните избори во Русија. Во окупираниот Доњецк, лидерот Пушилин го опиша гласањето како „последна голема политичка етапа“ во процесот на соединување на регионот кон Руската Федерација.

„По овие избори, Доњецк ќе има свои претставници во Државната дума, кои ќе ги застапуваат интересите на нашите жители. Затоа, учеството и изборот се наша одговорност“, изјави Денис Пушилин – лидер на руските власти во окупираниот Доњецк.

Украина го прогласи гласањето во окупираните области за незаконско и ги повика другите држави и меѓународни организации да не ги признаваат резултатите. Последните избирачки места се затвораат вечерва, по што се очекуваат првите изборни резултати.