Блиски Исток

Иран ги достави условите до САД за продолжување на преговорите, расте ризикот од регионална ескалација

20.09.2026 15:06

Иран преку посредникот Катар ги доставил до САД условите за продолжување на преговорите, меѓу кои се крај на војната, ослободување на замрзнатите ирански средства и укинување на американската поморска блокада врз иранските пристаништа. Техеран чека одговор од Вашингтон.

Иран преку посредникот Катар ги доставил до САД условите за продолжување на преговорите, меѓу кои се крај на војната, ослободување на замрзнатите ирански средства и укинување на американската поморска блокада врз иранските пристаништа. Техеран чека одговор од Вашингтон.

„Пораката на Техеран е јасна: ако Вашингтон сака да излезе од кризата што самиот ја создаде, нема друг избор освен да ги прифати условите на Иран.“-објава на Мохсен Резаи – секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност.

Иран предупреди и дека би можел да го запре извозот на нафта од други земји во регионот доколку биде запрен неговиот извоз, што дополнително ги зголемува стравувањата за пошироко нарушување на енергетските пазари. Паралелно, Саудиска Арабија извести за пресретнати балистички ракети насочени кон Ријад и пожар во складиште за гориво на „Арамко“ во близина на меѓународниот аеродром. Хутите ја презедоа одговорноста.

„Како одговор на нападите врз Сана, спроведовме воени операции со балистички и крстосувачки ракети и дронови. Едната беше насочена кон чувствителни локации во Ријад, а другата кон објектите на „Арамко“-изјави бригаден генерал Јахја Сари – портпарол на војската на Хутите.

Борбите продолжуваат и на други фронтови. Израел изврши воздушни напади во јужен Либан, додека нови напади се пријавени и во Газа. САД ги повикаа своите граѓани во девет земји од Блискиот Исток на зголемена претпазливост поради ризикот од брза ескалација.