Две жртви, тројца повредени на автопатот Куманово-Скопје
Незгодата се случила во близина на Агино село, помеѓу две патнички возила мерцедес со скопски регистарски таблички и опел корса со исто така скопски регистарски таблички.

Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа на автопатот Куманово-Скопје.
Незгодата се случила во близина на Агино село, помеѓу две патнички возила мерцедес со скопски регистарски таблички и опел корса со исто така скопски регистарски таблички.
На местото на настанот починале сопатници од возилото корса, 49-годишно и 71-годишно лице. Сопатничката како и двете други лица се здобиле со телесни повреди и се пренесени во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Увид извршила екипа од кумановската полиција, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
