Во Скопје хуманитарен настан за поддршка на лицата со мускулна дистрофија
Во месецот на свесноста за душенова мускулна дистрофија во Скопје хуманитарен настан. Организаторите велат важно е секое семејство да ја добие потребната поддршка за да овозможи подобар живот за детето кое се соочува со една ваква доживотна болест.

Постојана болка, страв и неизвесност, вака изгледа секојдневието на децата со душеновата мускулна дистрофија и нивните семејства. Физичката болка е само половина битка, вистинскиот товар е стравот и суровата неизвесност од прогресијата на оваа ретка, генетска болест, којашто предизвикува слабеење и губење на мускулната маса. симптомите се јавуваат во најраното детство, а најчесто ги погодува момчињата.
Најпрвин се појавуваат потешкотии при одење, трчање или искачување, а со текот на времето, слабоста ги зафаќа сите мускули во телото, вклучувајќи ги оние на дишните органи и срцето. За оваа болест не постои лек, но современите и физикални терапии и медицинската опрема значително го олеснуваат и продолжуваат животот на овие деца. Сепак, финансиските трошоци за нив, коишто достигнуваат илјадници евра, за семејствата се најчество неиздржливи.
Добрите гестови инспирираат емпатија и солидарност, вели Братислав Димитров, автор на книгата дремка за двајца. Средствата од продажбата се наменети за Здружението.
Она што за некого е малку, за други е многу, да бидеме луѓе и да помогнеме, беше порачано од хуманитарниот настан.
Овој месец, септември, е посветен на подигнување на свеста за оваа ретка болест.
Марија Котовска
