Партии

Зголемени месечните трошоци во септември

20.09.2026 17:29

Синдикалната кошница поскапа за 757 денари. На едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 69 илјади 432 денари за минималните трошоци за живот, 36 проценти од парите за храна – покажуваат податоците на Сојузот на синдикати. Социјалдемократите критикуваат во Македонија е невозможно да се живее. Од ВМРО-ДПМНЕ велат – потрошувачката кошничка изработена од Трендафилов и ССМ не држи вода, владината просечна е за 10 насто поевтина.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432 денари, за еден месец се зголеми за 757 денари. Најмногу пари околу 25 илјади и 200 едно четиричлено семејство се трошат за храна. Овој месец натежна и трошокот за потребите за образование. Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Мицкоски, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Предупреди дека огромната економска и финансиска криза, во следниот период дополнително ќе се продлабочува.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСМ не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само лични интереси.

Марина Стојанова -Тонева