Временска прогноза

Променливо облачно со услови за слаб дожд

21.09.2026 08:21

Попладне наместа ќе има услови за нестабилност и пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи...

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Попладне наместа ќе има услови за нестабилност и пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.

Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.