Мицкоски: Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство
Премиерот Мицкоски информира дека во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД, Марко Рубио...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД, Марко Рубио.
Како што објави Мицкоски, разговорите, според него, имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со САД.
Тој посочи дека на средбата биле разменети ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување на позицијата на Македонија како стабилен и доверлив сојузник.
Мицкоски оцени дека во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со стратешките сојузници имаат уште поголема тежина.
„Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“, наведе Мицкоски, додавајќи дека продолжуваат напорите за јакнење на македонско-американското стратешко партнерство и создавање нови можности.
