Украина

Москва се заканува со нови напади врз Киев, Зеленски потврди средба со Трамп во Њујорк

21.09.2026 13:44

Русија најавува интензивирање на нападите врз Киев по украинските удари врз Москва. И покрај продолжувањето на жестоките борби, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Русија се заканува со интензивирање на нападите врз Киев по украинските удари врз Москва. И покрај жестоките судири кои продолжија во ноќта, Зеленски порача дека дипломатската динамика постои и потврди договор за средба со американскиот колега Трамп во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, која според него, би можела многу да промени.

„Се договоривме да се сретнеме во Њујорк, а таа средба би можела многу работи да промени. Постои дипломатски замав. Патот кон мирот е наш приоритет број еден“, објава на Володимир Зеленски, претседател на Украина.