Блиски Исток

Трамп најавува можност за ескалација со Иран, Техеран предупредува на одмазда

21.09.2026 14:57

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нова ескалација на војната со Иран и порача дека размислува за следните чекори. Техеран се подготвува за можни американски напади и предупредува на одмазднички мерки.

Трамп се закани со ескалација на војната со Иран, додека размислува дали и кога да „ја уништи целата нација“.

Во Техеран велат - подготвени се за можни напади и предупредуваат на одмазда. Американскиот секретар за одбрана Хегсет најави засилување на воените активности, додека Трамп е отворен за средба со иранскиот претседател Пезешкијан во Њујорк.

Техеран преку Катар ги достави условите за прекин на војната и го очекува одговорот на Вашингтон.