Кривичен Суд

Продолжува судењето за полициските службеници поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“

21.09.2026 10:48

Во овој случај се товарат девет полициски службеници од Кочани, Пробиштип, Штип, Радовиш се обвинети за злоупотреба на службената положба, кои според обвинението биле должни да направат проверки околу нарушување на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија за „Пулс“ во 2022 и 2023 година, а е поврзано со барањето за добивање лиценца за работа...

Во Кривичниот суд во Скопје, продолжува судењето за полициските службеници поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Во овој случај се товарат девет полициски службеници од Кочани, Пробиштип, Штип, Радовиш се обвинети за злоупотреба на службената положба, кои според обвинението биле должни да направат проверки околу нарушување на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија за „Пулс“ во 2022 и 2023 година, а е поврзано со барањето за добивање лиценца за работа.

Обвинетите не направиле проверки, со што на газдата Дејан Јованов му овозможиле да заработи околу десетина илјади евра.