Македонија

Голема полициска акција, се вршат претреси на повеќе од десет локации

21.09.2026 11:37

Според неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а се трага по уште неколкумина, меѓу кои и вработени во Царинската управа.

Голема полициска акција е во тек во Скопје-Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање криминална група осомничена за шверцување и нелегална трговија со лекови, медикаменти и додатоци во исхраната, како и за коруптивни кривични дела.

Според неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а се трага по уште неколкумина, меѓу кои и вработени во Царинската управа.

Во рамки на акцијата се вршат претреси на повеќе од десет локации. Во Скопје и Тетово, при претрес на правен субјект, бил пронајден магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека постапката ја спроведува Одделот за сузбивање на организираниот криминал при Бирото за јавна безбедност, поради сомнение за кривични дела поврзани со шверцување, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.

Истрагата продолжува, а од МВР најавуваат повеќе информации по завршувањето на претресите и целосното документирање на случајот.