Обуки на професорите за нови знаења и вештини за промовирање на физичката активност

01.10.2014 16:36

Здрав начин на живот преку настава по физичко. Учениците секој момент го користат да спортуваат и да се дружат со своите соучениците. Велат дека денот е поубав кога почнува со спортски активности. Ги прашавме кој предмет им е омилен-  математика или физичко?

„Да спортувам.“

„Физичко“, велат анкетираните учници.

Матеј Цветановски спортува од мали нозе. Вели дека часот по физичко му помогнал дополнително да се усоврши, а советите од наставникот го мотивирале да продолжи да се занимава со спорт. 

„Имаме спортски активности кои наставникот ни ги определува, го чекаме овој спорт затоа што со него можеме да се релаксираме“, вели Матеј Цветановски, ученик.

Децата да бидат здрави и правилно да се развиваат е задача на професорите. Веќе трета година тие следат обуки за да се стекнат со нови знаења и вештини за промовирање на физичката активност.

„Секогаш имаме некои нови методи, нови насоки кои заедно со професорите од факултетот за физичка култура ги усовршуваме“, вели Дејан Стојанов, професор по физичко образование.

Од 2007 година средношколците имаат  три часа неделно за спортски активност. За надлежните овој предмет е исто важен како и сите други.

„Наша определба е сите наставници да си ја сфатат сериозно својата улога бидејќи часовите по гизочко и спорт се во наставниот план за да развиеме здрава младина“, вели Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образованието.

„Со годинашните обуки се опфатени вкупно 1.000 професори и наставници од основните и средните училишта, од сите региони во државата, а Агенцијата за млади и спорт од својот буџет за циклусот обуки обезбеди 500.000 денари“, рече Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Едукацијата на наставниците ја организира агенцијата за млади и спорт. Целта е Македонија да ги воведе реформите во наставата по физичко образование по теркот на европските земји.

Викторија Тодоровска