евроинтеграции

На 27-ми овој месец министерска конференција во Виена „Славков 3, Западен Балкан“

21.09.2026 17:35

На 27-ми овој месец во Виена има министерска конференција „Славков 3, Западен Балкан“, во кој се Словачка, Чешка и Австрија каде ќе биде дискутиран прогресот и процесот на проширување. Она што е позитивно е дека постои намера за проширување. Македонија велат, направи одлична работа со Планот за раст, па над 150 милиони евра ќе и бидат дадени за натамошен напредок во реформите и дека важно е да се продолжи напред со исто темпо.

Ден пред Европската комисија да ја претстави стратегијата за проширување, Австрија заедно со Словачка и Чешка во Виена ќе ги повика министрите од земјите кандидатки од Западниот Балкан за да ги разгледаат различните документи за проширување.

„На 27-ми септември во Виена има министерска конференција „Славков 3, Западен Балкан“, каде прогресот и процесот на проширување ќе биде дискутиран. Она што е позитивно е дека постои намера за проширување. Северна Македонија направи одлична работа со Планот за раст, па над 150 милиони евра ќе и бидат дадени за натамошен напредок во реформите. Важно е да продолжите напред со исто темпо и да не го свртувате вниманието од процесот“, изјави Мартин Памер-амбасадор на Австрија.

Трите земји од „Славков 3“ форматот не знаат детали за проширувањето, но велат заедно ќе продолжат да лобираат за евроинтеграција на Западниот Балкан.

„За време на претседателството на Словачка со „Словак 3“ форматот се фокусиравме на европската перспектива на Северна Македонија. Веруваме дека евроинтеграцијата не е само политичка декларација, туку соработка за приближување на луѓето и институциите кон ЕУ“, изјави Ивета Хрицова-амбасадорка на Словачка.

„Цврсто веруваме дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ќе продолжиме да поддржуваме проширување врз основа на заслуги“, изјави Андреја Штајнер, заменик-амбасадорка на Чешка.

Австрија, Словачка и Чешка поддршката за евроинтеграцијата на Македонија во практика ја покажуваат со финансирање на алпски патеки на Водно, Пелистер и Шар Планина.

Ирина Гелевска