Поедноставна процедура за донации и спонзорства
Невладините бараат спонзорствата и донациите да бидат строго регулирани со закон, но притоа да биде поедноставена процедурата. Предлагаат и поголема транспарентност кај државните компании при планирањето на средствата за донации.

Невладините организации кои се занимаваат со проблематиката за донации и спонзорства бараат во измените во Законот за донации да се воведе регистар на приматели на донации со кои ќе се поедностави процедурата без да се бара претходно решение од Министерството за правда за да се утврди јавниот интерес. Според нив во однос на државните компании кои сакаат да донираат тоа треба да го евидентираат во годишните буџети за која намена и колку средства ќе одвојат за таа цел.
Во постојниот закон има даночни олеснување за компаниите во делот на данокот на добивка во однос на обртот којшто имаат во висина најмногу до 8 насто, а физичките лица доколку донираат се ослободени од данокот на личен приход до одредена сума. Исто така, компаниите што донираат опрема за јавниот сектор се ослободуваат од ДДВ.
Игор Панов
