Гаши: Идната недела внатрепартиски консултации
Африм Гаши ќе се обиде да помогне во процесот на донесување на Изборниот законик. Претседателот на Собранието, најави дека на 29- ти овој месец ставени се 10 закони за кои е потребен Бадентер и се по скратена постапка, верува дека ќе се најде заеднички јазик со ДУИ, кои најавија дека нема да гласаат...

Партиите во нов обид да најдат решение за измените на Изборниот законик. Идната недела почнуваат внатрепартиските консултации, најави по координацијата во парламентот спикерот Гаши. Тој нема информации дали министерот за правда Шасивари ќе свика нова средба на работната група, но претседателот на законодавниот дом е подготвен да помогне во процесот.
На седницата закажана за 29-ти септември пред пратениците ќе се најдат 10 закони за кои ќе е потребно Бадентерово мнозинство, а се по скратена постапка. Прашан што доколку интегративците и натаму се инаетат и блокираат, Гаши вели дека веќе ги почнал средбите со пратениците во обид да најде заеднички јазик.
За Анкетната комисија за Кочани, собранискиот спикер е дециден дека прво треба да заврши работата на едната комисија за да се формира друга. Очекува да има епилог и повика да се свика постојната Анкетна комисија за Кочани, а за преостанатите партиите да почнат да предлагаат членови.
Викторија Милевска
