Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
22.09.2026 08:11
Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
