ЦУК
ЦУК: 30 пожари изгаснати, еден под контрола
22.09.2026 09:00
До 7 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 30 пожари...

Центарот за управување со кризи информира дека до 7 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 30 пожари.
Под контрола е еден пожар во Општина Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
