Трета генерација пилоти

Центарот за обука на пилоти станува регионален!

01.10.2014 17:11

Почна обуката на третата генерација пилоти во армијата и во полицијата. Во земјава има и еден кадет од Црна Гора, што навестува дека Центарот има амбиции да стане регионален. МТВ влезе во симулацискиот дел и ви пренесуваме како изгледаат фазите низ кои минуваат професионалците на кои само небото им е лимит...

Откажа едниот мотор но пилотите живи и здрави ќе излезат од овде. Зашто тоа е само дел од четивото во еден од најсофистицираните симулатори за обука на пилоти. Во нив се вежбаат  и полициски и воени кадри токму  за хеликоптертите МИ 17, МИ 18 и МИ 24. Македонската телевизија влезе во кабината на симулаторот со првиот меѓу најискусните управувачи на небесните машини. Шраги Јари вели ова е местото каде целата енергија ја насочуваат да им предочат на пилотите како да ги надминат ситуациите кога се во опасност или при тешки временски услови.

„Една од најтешките ситуации е откажување на задниот мотор, тоа не се случува често, но во симулаторот можат да се извежбаат начините како да се излезе од една таква комплицирана ситуација“, вели Шрага Јари, директор на Центарот за обука на пилоти.

Ако Јари споделува со поискусните, Манев е со почетниците од нивната селекција до крајот на обуката. Оперативнито стол е само дел од вежбовниот процес.

„Има цела листа на откази кои можат да се случат во реалното летање. Таму не можат да се вежбаат, но овде може да се види она што најблиску се случува во реалноста“, вели Борче Манев, одговорен за селекција и обука на кадри.

Две генерации пилоти излегоа од  центарот. Сега ќе се обучува третата генерација.

Дека пилотирањето не е машка професија и дека запираат исте предрасуди околу ова прашње, најдобар доказ е овогодинешниот кандидат за пилот, Весна Петреска.

„Претстојната обука ќе ми помогне да се справам со овој хеликоптер. Не постојат никакви стравови, желбата и мотивацијата се големи“, вели Петреска.

Има и со поинаква мотивација.

„Имам желба на некој начин да и помогнам и да и служам на државата“, вели еден од кандидатите.

Поминаа седум елиминациски фази од тестирањето. Од најдобрите очекувања имаат и ресорните министри.

„Без разлика дали кариерата ќе ја продолжите во МВР, Министерството за одбрана или од матичната земја од каде доаѓате, да ви посакам усптешна обука и многу часови на лет на македонското небо“, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Овие кадети ќе се стекнат со знаење и вештини за управување и справуање со сериозни професионални задачи и воедни извршување на широк спектар на неборбени мисии“, вели министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Годинава обуката ја посетува и еден кандидат од Црна Гора. Очигледно македонскиот станува меѓународен центар за обука на воени и полициски пилоти.

 

Фиљана Кока