свет

Тајфунот „Дуџуан“ го погоди пацифичкиот брег на Јапонија

22.09.2026 12:32

Најкритично е подрачјето во близина на Токио, каде одрони затрупаа куќи и блокираа патишта...

Двајца загинати, а четворица се водат за исчезнати откако силниот тајфун „Дуџуан“ го погоди пацифичкиот брег на Јапонија. Најкритично е подрачјето во близина на Токио, каде одрони затрупаа куќи и блокираа патишта. Речиси 50 илјади домаќинства се без струја, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по исчезнатите.

Властите предупредуваат на опасност од нови одрони и поплави.