Трајков во Брисел на дискусија за владеењето на правото
На состанокот ќе се разговара за состојбата и напредокот во областа на владеењето на правото во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, е во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на дискусијата на Советот за општи работи на ЕУ посветена на напредокот во владеењето на правото во земјите од регионот.
На состанокот ќе се разговара за состојбата и напредокот во областа на владеењето на правото во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
Трајков ќе ја истакне посветеноста на Северна Македонија кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за земјата, стои во соопштението.
