Тенис

Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Анкара

22.09.2026 09:49

Ѓорческа одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 7:5. Во вториот сет успеа да изедначи на 3:3, но Зајцева ги освои следните три гема и го израмни резултатот.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара. Таа загуби од Ксенија Зајцева со 2:1 во сетови, 5:7, 6:3, 6:4, по два часа и осум минути игра.

Ѓорческа одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 7:5. Во вториот сет успеа да изедначи на 3:3, но Зајцева ги освои следните три гема и го израмни резултатот.

Во решавачкиот сет руската тенисерка поведе со 3:0, но Ѓорческа се врати и изедначи на 3:3. Зајцева потоа поведе со 4:3, а до крајот двете тенисерки направија по неколку брејка, по што Зајцева го освои сетот со 6:4 и се пласираше во следното коло.

Турнирот во Анкара е со награден фонд од 115 илјади американски долари, а Ѓорческа со учеството освои еден поен.