Македонската берза ја организира 25. годишна конференција во Охрид
Конференцијата е платформа за поврзување и размена на знаења и искуства, како и за дискусии за развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите и алтернативните извори на финансирање.

Јубилејното издание на годишната конференција на Македонската берза се одржува денеска и утре во Охрид, со работен дел посветен на актуелните теми од пазарот на капитал во земјава и регионот.
Конференцијата е платформа за поврзување и размена на знаења и искуства, како и за дискусии за развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот и развојот на компаниите и алтернативните извори на финансирање.
Од Македонската берза најавуваат разновидна програма со теми поврзани со меѓународните искуства и најдобрите практики, банкарството, инвестирањето и финансиските институции, како и дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии.
На минатогодишната конференција учествувале околу 30 говорници и панелисти, а настанот го следеле повеќе од 240 учесници.
