МВР
Пронајдени 25 кесички со марихуана при претрес во дом во Скопје
22.09.2026 12:01
Како што информира МВР, вчера во 18:55 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А. (38) од Скопје.

Едно лице е лишено од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом во Скопје пронашла и одзела марихуана.
Како што информира МВР, вчера во 18:55 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А. (38) од Скопје.
При претресот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 25 полиетиленски кесички, како и други различни пакувања со марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
