Кривичен суд

Ново рочиште за случајот „Комунална хигиена“

22.09.2026 10:42

Првообвинет е поранешниот директор Сабахудин Рустеми. Обвинет е дека лани во октомври спречил навремено собирање на сметот, а главниот град тонеше во ѓубре.

Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Комунална хигиена“, во кој првообвинет е поранешниот директор Сабахудин Рустеми. Обвинет е дека лани во октомври спречил навремено собирање на сметот, а главниот град тонеше во ѓубре.

Обвинителството гледа вина и кај управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити, па двајцата ги гони за загрозување на животната средина со отпад.

Рустеми и Саити, според Обвинителството со умисла не ги спроведувале плановите за управување со комуналниот отпад, дополнително, и не се грижеле за исправноста на опремата и уредите за собирање на сметот. Така, двајцата обвинети овозможиле да се создадат депонии на јавни и сообраќајни површини, наведуваат од Обвинителството.

Одбраната вели дека ќе направат увид во доказите за да се види за каква сметководствена евиденција станува збор од областа на работењето на јавното комунално претпријатие.