МВР засега без детали за акцијата против криминална група за шверц со лекови
Во акцијата досега се приведени шест лица, додека полицијата трага по уште неколкумина за кои постојат сомневања дека биле дел од криминалната група. Неофицијално, меѓу осомничените има и вработени во Царинската управа.

Засега МВР не открива нови детали за големата акција што вчера беше спроведена во Скопје, Тетово и Гевгелија. Во рамките на истрагата е опфатена криминална група осомничена за шверц и нелегална трговија со лекови, медикаменти и додатоци во исхраната.
Според досегашните сознанија, осомничените се товарат и за други коруптивни дела. Во акцијата досега се приведени шест лица, додека полицијата трага по уште неколкумина за кои постојат сомневања дека биле дел од криминалната група. Неофицијално, меѓу осомничените има и вработени во Царинската управа.
Повеќе детали од надлежните институции за вкупниот број осомничени, досега приведените лица, кривичноправната квалификација на делата, како и за тоа дали се пронајдени и одземени предмети во рамките на претресите, се очекуваат во текот на денот.
