Мисајловски на состанок на министрите за одбрана во Брдо-Крањ
Во фокусот се безбедносната состојба во Европа, унапредувањето на регионалната одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во Брдо-Крањ, Словенија, учествува на редовниот годишен состанок на министрите за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка со земјите од Западен Балкан, како и на состанок на неформалната регионална иницијатива за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа со земјите од Западен Балкан.
Во фокусот се безбедносната состојба во Европа, унапредувањето на регионалната одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заедничките обуки и развојот на капацитети и способности, како и идните активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура.
Предвиден е и состанок на земјите-членки на Балканските медицински наменски сили.
