Средба Зеленски – Макрон
На маргините во Њујорк, украинскиот претседател Зеленски се сретна со францускиот колега Макрон. Најави средба и со Трамп и порача дека сака американските санкции против Русија да почнат да даваат резултати. За него, приоритет број еден е приближување на мирот и заштита на животите.
„Штотуку се сретнавме со сенаторите. Благодарни сме за усвојувањето на законот за санкции против Русија и Иран. Ќе разговарам и со претседателот Трамп. Сакам санкциите да почнат да даваат резултати“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Макрон претходно се сретна и со Трамп, барајќи дополнителни пресретнувачи за Украина и разгледувајќи можен мораториум за енергетските објекти.
„Имавме долга дискусија за Украина и Русија, како и за потребата да им се даде побрза и посилна поддршка на нашите украински пријатели во однос на пресретнувачите, бидејќи тоа е клучниот одбранбен фактор. Исто така, повторно разгледавме потенцијални иницијативи за мораториум на прашања поврзани со енергетиката“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Трамп ги критикуваше и Украина и Русија за нападите врз рафинериите, кои, според него, ги зголемуваат глобалните цени на дизелот. Во меѓувреме, Русија изврши нов масовен напад врз енергетски украински цели, додека Киев возврати со удар врз рафинеријата во Самара.