МВР

Лишени од слобода крадци за издржување казна затвор

22.09.2026 20:39

М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, додека пак И.Ч. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Исто така, вчера, во 12:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ч.(29) од село Топлица, гостиварско. За лицето била распишана судска наредба за издржување затворска казна во времетраење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

И.Ч. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.