Статистика

Просечната нето-плата во јули 48.499 денари, за 7,1 отсто повисока од лани

22.09.2026 14:31

Според податоците, најголем раст на просечната нето-плата на годишно ниво е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување, каде што платите се зголемиле за 10,7 отсто.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2026 година изнесува 48.499 денари, што е зголемување од 7,1 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Според податоците, најголем раст на просечната нето-плата на годишно ниво е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување, каде што платите се зголемиле за 10,7 отсто. Следуваат снабдувањето со вода, отстранувањето на отпадни води, управувањето со отпад и санацијата на околината со раст од 10,4 отсто и дејностите во врска со недвижен имот со 9,6 отсто.

Во однос на претходниот месец, зголемување на просечната исплатена нето-плата е забележано во стручните, научните и техничките дејности за 4,3 отсто, во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто, како и во градежништвото за 2,3 отсто.