УХМР

Сончево и посвежо утре, дожд во петок

22.09.2026 15:15

Утре времето ќе биде ведро и постудено во утринските часови, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Стабилно и сончево време со свежо утро се очекува утре и во четврток. Во петок следуваат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, по што повторно се очекува период на стабилно време со пониски утрински температури, информираат од УХМР.

Утре времето ќе биде ведро и постудено во утринските часови, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и умерен до засилен северен ветер.