Мисајловски: Македонскиот придонес кон колективната безбедност и сигурноста на регионот и инвестициите во одбраната се реалност
„Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија...

„Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан.
Мисајловски информирал дека 2 проценти од воениот буџет се инвестиции во мобилноста преку изградбата на коридорите 10 и 8, што ја зацврстува стабилноста на поширокиот регион. Со европска поддршка се инвестира во развој на полигонот Криволак како важен ресурс за обука на македонската армија, сојузниците и партнерите. Македонија како дел од балканските медицински наменски сили поддржува нивно упатување надвор од Балканот.
