Алтернативниот превоз расте, инфраструктурата останува предизвик
Блокирани велосипедски патеки, автомобили на тротоари и околу 100 пријавени кражби на велосипеди од почетокот на годината ја отвораат дилемата колку градовите се подготвени за одржлива мобилност.

Додека денеска се повикува на помалку автомобили и повеќе одржлива мобилност, за некои велосипедот одамна не е само рекреација, туку превозно средство. Но, помалку автомобили значи и повеќе простор за оние кои избираат велосипед.
Но, велосипедските патеки и тротоарите коишто се наменети за пешаци се преполни со автомобили. Колку и дали е подготвен градот за велосипедистите и за оние коишто користат алтернативен превоз?
А, за велосипедистите не завршува проблемот ни кога ќе стигнат до целта. Од почетокот на годинава до 20 септември во земјава се регистрирани околу 100 кражби, во кои предмет бил велосипед, покажува статистиката на МВР.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот апелираат на одговорност на сите учесници во сообраќајот.
Само во август, МВР при засилени контроли на лесни електрични возила констатирало 606 прекршоци, 20 од возачите на тротинет биле малолетни. Биле одземени 18 во времетраење од 30 дена. Најмногу прекршоци имало во Битола 236, а во Скопје 97.
Ана Јосифоска
