Собрание

Седници на три комисии денеска во Собрание

23.09.2026 08:28

Седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.

Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година е единствената преостаната точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како и на Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, пак, ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на: вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Норвешка Дритон Кучи, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Бугарија Крум Ефремов, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска Мухарем Јусуфи и вонредниот и ополномоштен амбасадор во Романија Габриел Атанасов.