Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност

23.09.2026 08:28

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува...

Наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.