ЦУК
ЦУК: 27 пожари изгаснати, еден под контрола
23.09.2026 08:48
28 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 7:30 часот, од кои нема активни, под контрола е еден, а изгаснати се 27 пожари...

Вкупно 28 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 7:30 часот, од кои нема активни, под контрола е еден, а изгаснати се 27 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Под контрола е ставен пожарот во Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
