Свет

Русија подготвува нов голем напад, предупредува Зеленски

23.09.2026 10:15

На маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, Зеленски се сретна со американскиот претседател Трамп, со кого разговараше околу напорите за ставање крај на војната со Русија.

Украинскиот претседател предупреди дека Русија подготвува нов голем напад врз неговата земја и ги повика сојузниците да продолжат да ја зајакнуваат украинската воздушна одбрана. На маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, Зеленски се сретна со американскиот претседател Трамп, со кого разговараше околу напорите за ставање крај на војната со Русија.

„Потребни ни се лиценци за да почнеме со подготовките за производство на „Патриот“ системи за пресретнување ракети. Побаравме од претседателот да ни помогне брзо да го придвижиме ова прашање. Тој има позитивен став во однос на лиценците“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Шефот на Белата Куќа од говорницата на Генералното Собрание на ООН рече дека САД тесно соработуваат со лидерите на Русија и Украина и тоа прашање ќе биде решено час побрзо.